Иако денеска е првиот ден од работната недела, сепак нашата редакција одлучи во следниот период поголем дел од обврските да ги извршува од дома.

Нашето, но и вашето здравје е на прво место.

Токму затоа ќе ги следиме препораките на Владата на нашата земја, и истовремено ќе ги сервисираме најновите информации од спортот, кој за жал е „замрзнат“ поради коронавирусот.

Ќе се обидеме да споделуваме интересни приказни, но и ќе продолжиме со нашата кампања,  заедно со спортистите да ве потсетуваме на главните препораки.

„Останете дома, здравјето е заедничка одговорност, заедно да  го победиме вирусот“

Апелираме оние кои се ослободени од работните обврски да останат во своите домови, да најдат начин за да можеме што поскоро да ја победиме и оваа битка.

На сите ни недостигаат оние денови кога шетавме слободно, ни недостигаат полните сали, стадиони, но веруваме со почитување на сите препораки ќе успееме.

Наскоро се гледаме на спортските терени!!!