Убава замисла, со цел времето во самоизолација да помине што побргу. Па така вчера се одигра пријателски твитер или виртуелен меч, меѓу Вардар и Осогово. Резултатот беше 5:2, и се во насока во кампањата, која и СПОРТМЕДИА ја промовира – ОСТАНИ ДОМА, ЗАЕДНИЧКИ ДА ГО ПОБЕДИМЕ ВИРУСОТ.

Кога сме кај твитер мечот мора да кажеме дека беше интересно, секунди кочанци ги делеа од победата, но Гачевски од пенал во 92.минута успеа да израмни на 5:5. Претходно стрелци за Вардар беа Аврамовски со хет-трик и Мицевски, додека за Осогово мрежата на скопските „црвено – црни“ виртуелно ја погодија Димовски и Паунов по двапати и еднаш Манов.