Турција и се понуди на УЕФА сама да го организира престојното Европското првенство ова лето.

Според извори од Турската фудбалска федерација, првите луѓе на турскиот фудбал сметаат дека се подготвени да ја искористат добрата врска меѓу турскиот претседател Реџеп Ердоган и шефот на УЕФА, Александар Чеферин за да ја добијат комплетната организација на настанот.

Сепак, оваа информација нема да им помогне на Турците да го добијат настанот, затоа што УЕФА планира да го одложи турнирот. Главниот аргумент на Турција за да ја добијат организацијата е малиот број на заразени со коронавирус во земјата (помалку од 10 лица).