Фудбалот а и спортот воопшто во Европа, па и поголемиот дел од светот, замре. Последен пат вака било уште за време на втората светска војна. Мечот меѓу Македонија – Косово, требаше да се игра точно за десет дена, на 26 март, извесно е дека ќе биде одложен. Прашање е како ќе завршат првенствата, натпреварувањата во Европа, и секако кога и како ќе се одржи ЕВРО 2020, чиј старт треба да биде на 12 јуни.

Погледите се кон УЕФА. Повеќе од сигурно е дека утре ќе биде денот „Д“ за фудбалот, утре треба да се дадат некои одговори. Има повеќе идеи што и како, загубите се мерат во милијарди евра. Но сепак здравјето е најважно, а нели фудбалот иако е најважната, но сепак споредна работа.

Како што е најавена утре ќе се одржи клучниот состанок, и тоа преку видеоконференција, меѓу челниците на УЕФА и сите челници на европските национални фудбалски федерации. Ќе се донесат заклучоци и насоки како понатаму.  

Засега работите не се сјајни, напротив…

Веројатно не чека долг период без фудбал.