Целиот тим на Веспрем е ставен на тестирања за коронавирус, меѓу нив и нашиот репрезенативец Дејан Манасков.

И не само играчите, туку и најблиските нивни членови на семејствата се тестираа на новиот вирус. И резултатите на сите се НЕГАТИВНИ.

Тоа е добра вест за унгарскиот тим кој што може нормално да ги продолжи подготовките, се разбира со мерките на претпазливост.