Ситуацијата со коронавирус допрва ќе биде посериозна, како што најави министерот за здравство, Венко Филипче дури еден месец се очекува да има голем број на заболени лица. Ова значи дека спорт во Македонија ќе нема повеќе од месец и пол.

По одлуката на Владата да ги затвори сите граници, но и аеродром во Скопје, странските кошаркари одлучија да се спакуваат. Во моментов Работнички остана без двајцата Американци, Хејден Лесколт и Дејмиер Питс, кои вечерва си одат дома. И ФМП ќе остане без едниот странец, Американецот Лонг, кој исто така го фаќа последниот „воз“ да си замине дома.

МЗТ Скопје одлучи да ги ослободи странците, открива „basketball.mk“. Во својот состав ги имаат Србинот (Ѓорѓе Милошевиќ), Турчинот (Рагип Атар) и двајца Американци (Ерон Херис и Феми Олуџоби).