Леонард Жута според гласовите на навивачите на Ријека е прогласен за најдобар лев бек во последната деценија на клубот. Откако Стефан Ристовски беше избран за најдобар десен, сега уште еден македонски интернационалец се најде на оваа престижна листа на навивачите на Ријека.

Ова секако дека е голема чест за Жута кој настапуваше во Ријека од 2015 до 2018 година и одигра над сто мечеви. Во моментов ја игра втората сезона во тимот на Коњаспор во Турција.