Јапонскиот интернационалец Кејсуке Хонда вчера дебитираше за бразилскиот Ботафого на мечот со Бангу во шампионатот на Рио де Женеиро. 33-годишниот фудбалер постигна и гол на дебито, од пенал и оствари нешто што речиси никој не може да се пофали.

Со овој гол Хонда влезе во историјата на фудбалот како прв фудбалер кој погодил на сите шест континенти во официјален меч: Азија, Европа, Африка, Северна Америка, Окенија и Јужна Америка.

Интересно тоа му беше и 100. гол во клупската кариера. 13 има постигнато за Нагоја Грампус (Јапонија), 26 за Венло, 28 за ЦСКА Москва, 11 за Милан (Холандија, Русија и Италија), 13 во дресот на Пачука (Мексико), 8 за Мелбурн Виктори (Австралија) и сега за Ботафото (Бразил).