Како мисли УЕФА, а воопшто и светскиот фудбал да се справи со фудбалската „гужва“ која што ќе настане следното лето останува да видиме но во секој случај ќе има сериозна работа сето тоа да го организира. Веќе е дефинитивно дека Европското првенство и Копа Амрика се презакажани, но…

На 29 ма 2021 е закажано финалето на Лигата на шампионите, а од 2. До 6. Јуни и баражите за новиот циклус Лига на нации.

Европското првенство ќе се игра од 11.јуни до 11.јули, а во истиот термин е и Копа Америка. Згора на се, ќе се игра и светското клупско првенство кое веќе нема да се игра во зимскиот термин туку во летниот. Ако на сето ова пак се додадат и евро куповите, домашните шампионати, се на се, еден огромен број на фудбалски настани, кои ќе треба пред се да бидат покриени организациски и да мине се во најдобар ред.