Русија беше една од ретките земји каде што се играше фудбалот, и покрај тоа што има вонредни околности со коронавирусот. Но, и оваа земја не успеа да одолее на пандемијата, па се реши да го прекине првенството.

Така топката во Русија нема да се тркала најмалку до 10. април. Ќе продолжи првенството доколку пандемијата не се прошири.

Во Русија во моментов води Зенит со девет поени пред Локомотив Москва.