Еден од четирите турнири од Грен Слем серијата, Отвореното првенство на Франција е презакажано за септември и октомври како резултат на пандемијата на коронавирус.

Популарниот „Роланд Гарос“ требаше да се одржи од 24 мај до 7 јуни, но наместо тоа, ќе се одржи меѓу 20 септември и 4 октомври. Тоа значи дека ќе започне само една недела по завршувањето на УС Опен во Њујорк.

Целиот професионален тенис низ светот во моментов е на пауза најмалку до 20 април.