Откако ја покренавме кампањата: „Останете дома, здравјето е заедничка одговорност, заедно да го победиме вирусот“, се повеќе спортисти се јавија и сакаа да бидат дел од истата и да им порачаат на граѓаните да ги слушаат и почитуваат мерките на Владата и за да се заштитат себе си и оние околу себе најдобро е засега да трпеливи, да се воздржат и да не излегуваат надвор без потреба.

Вечерва, порака испратија македонските фудбалери Даниел Мојсов (АЕЛ Лимасол), Дарко Велковски (НК Ријека), Бобан Ѓорѓиев (Радник Сурдулица) и Костадин Захов (Шкендија).

Освен што треба да останете дома одржувајте ја хигиената на високо ниво.