Луго Жуниор, соиграчот на нашиот Александар Трајковски во Мајорка, покажа дека и во доба на коронавируст може да биде романтичен. Додека тој е во самоизолација, односно карантин, ја побара за жена својата девојка Фабиола Масијас. Тука беше и нивната ќеркичка. 

Луго планирал запросувањето да биде на малку понаков начин, но во доба на коронавирусот некои работи не можеш да ги предвидиш.

Секако дека Фабила на овој романтичен потег на Луго, рекла – ДА.