На Предраг Самарџиски одлично му оди во Турција. Поранешниот македонски репрезентативец го предводеше својот тим, Самсунспор до триумф над Анадолу Баскет од 81-71 во рамките на 23. коло во второлигашката конкуренција.

Самарџиски зад своето име запиша дабл-дабл од 19 поени и 18 скока, за 32. минути во игра додаде уште две асистенции.

По оваа фантастична игра, македонскиот кошаркар се најде во тимот на колото.

Сепак Самсунспор е далеку од врвот на табелата, по 23 коло е на претпоследното место на табелата во Втората лига со скор од пет победи и 18 порази.