Со оглед на тоа дека и официјално ПРО А и ПРО Б лигите ги суспендираа сите наредни активности поради коронавирусот, а по првата клупска препорака, македонските репрезентативци ја напуштија Франција…

И покрај оние првични препораки кои ги добија од клубовите, а се граничеа со продолжување на престојот во Данкерк, односново Евре, сепак, во меѓувреме дојде до промена на плановите кај Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски.

Нашите репрезентативци на „привремена работа“ во Франција се ослободени и од понатамошните обврски кон своите клубови.  Стојан Ѓуроски од синоќа е во Македонија, додека Војдан Стојановски се очекува денеска во попладневните часови да пристигне во родната земја.

Со оглед дека доаѓаат од средноризична земја, ги чека 14-дневна домашна изолација кога ќе пристигнат во нашата земја, како и сите кои доаѓаат од високоризичните и средноризичните земји.