Веќе дефинитивно е сигурно дека Европскиот шампионат закажан за годинава се одлага за следната година, а на штотуку завршениот состанок во УЕФА начелно е донесена одлука бараж мечевите кои му претходат на овој настан да се одиграат во текот на месец јуни. Секако доколку условите за тоа дозволат, односно ситуацијата со Корона вирусот се стабилизира.

Оваа информација ја пренесуваат српските медими од извори блиски до нивната федерација, а нам тоа ни е битно нормално затоа што нам ни претстои дуелот со Косово.

Во моментов нема ништо сигурно затоа што тука се пред се државните шампионати, а потоа секако мора да се одиграат и завршат и европските купови.

Не треба да се забирават ниту елитните квалификации од У17 односно У19 генерациите како и квалификациските дуели од У21. Тоа значи дека термините ќе бидат пребукирани, и дека УЕФА ќе има еден куп работа. Со напомена, сето ова ќе се случува доколку се стабилизира состојбата на здравствен план.