Агим Сопи, досегашниот стратег на Фероникели, инаку беше во стручниот штаб на Македонија У-21 која се пласираше на ЕВРО 2017 во Полска, во интервју за Лајм ТВ на новинарот Решат Ибраими, даде свој коментар за претстојниот меч меѓу Македонија и Косово. Меч, кој по ново треба да се одигра во јуни.

Инаку, Сопи е роден скопјанец, во Малме (Шведска) живее веќе 32 години, а е поранешен фудбалер на неколку клубови. Сега во моментов има своја фудбалска академија. Екипата на Лајм ТВ беше во посета кај него во Малме.

Како прво морам да кажам дека ова е историски натпревар и за двете репрезентации. И двете репрезентации имаат квалитетни поединци кои играат во најсилните лиги во Европа. Мене ми се познати играчите на двете селекции, посебно оние кои играат за Македонија. Најголем дел, речиси 70% од актуелните репрезентативци беа во таа У-21 селекција каде јас бев во стручниот штаб на селекторот Благоја Милевски. Според мене ова ќе биде интересен, неизвесен натпревар за двете селекции, и ќе одлучуваат нијанси. Ќе победи онаа репрезентација која ќе направи помалку грешки. Сите ние знаеме дека за овие играчи, и во двете репрезентации, ова е шанса која се дава еднаш во животот да се пласираш на ЕВРО. Сигурен сум дека сите ќе го дадат максиумот, па така, кој е подобар тој нека победи“ истакнал скопјанецот Агим Сопи.