Војдан Стојановски е еден од оние македонски интернационалци кои успеаја да се вратат во Македонија. И тој како неговиот репрезентативен колега, Стојан Ѓуроски е во домашен карантин, двајцата дојдоа од Франција, земјата која се најде на листата на држави со висок ризик на коронавирус.

Капитенот на нашиот најдобар национален тим во Скопје слета вчера, од денеска ги спроведува мерките.

„Најважно е дека се вратив дома. Секако ќе ги почитувам препораките во следните 14 дена ќе бидам во карантин. Не сакам да го загрозам здрвајето на другите, самите сме креатори на нашата судбина. Апелирам уште еднаш до сите кои се дојдени од другите земји да го сторат истото, сите сакаме поскоро да се вратиме на нашите секојдневни обврски, ние спортистите да се вратиме на терените“, порака капитенот од домашниот карантин.