Ненад Димитријевиќ ќе мора да остане во Шпанија, македонскиот репрезентативец е во Бадалона вели ова е ставот на раководството на Хувентуд.

Глетката во Бадалона не е добра, ниту ситуацијата, градот е пуст…

„Далеку од тоа дека ситуацијата е добра. Не е добра, се гледа тоа на секој чекор во градот кој за разлика од други денови е скоро па пуст, што е една неверојатна глетка. Она што е сигурно е дека останувам тука. Подобро кажано, морам да останам. тоа е ставот на клупското раководство, и тоа мора да се почитува. Тоа е барем засега“, вели Нено за официјалниот сајт на КФСМ.