Наместо досегашниот датум 31 март, рокот за комплетирање на целосната документација за лиценци е продолжен до 30 април. Ова го најавува европската куќа на фудбалот УЕФА, и им излегува во пресрет на клубовите кои поради коронавирусот во моментов имаат потешкотии да ја комплетираат документацијата.

Се очекува сите наши прволигаши заедно со второлигашот Брегалница да поднесат барање за лиценца за настап во Европа за идната сезона, иако во моментов не е познато како и кога ќе заврши сезоната.