Сите национални првенства во Европа се прекинати само за турското засега нема најави дека ќе биде прекинато и покрај опасноста од ширење на корона вирусот. Поранешниот играч на Челзи и репрезентацијата на Нигерија Џон Оби Микел го напушти лидерот на турското првенство Трабзон само неколку денови откако изјави дека не се чувствува добро додека игра фудбал за време на пандемијата на корона вирусот.

Микел и Трабзон обострано го раскинаа договорот.

Постојат поважни работи во животот од фудбалот. Не се чувствувам пријатно и не сакам да играм фудбал во ваква ситуација. Сите би требало да се дома со своите фамилии и сакани во овие критични денови. Сезоната би требало да се прекине, светот се соочува со турбулентни времиња“, порача Микел.