Во НБА-лига бројката на заразени кошаркари со коронавирус расте од ден на ден. Доцна синоќа Бруклин Нетс излезе со соопштение дека четворица играчи од нивниот тим се позитивни на КОВИД – 19, меѓу нив е Кевин Дурент.

Сите останати клубови веднаш превземаа мерки. Лејкерси се огласи на својата официјална страница, со оглед на тоа дека на 10 март одиграа меч токму против Бруклун веднаш се „мобилизирале“. Контактирани се сите играчи, тренери, лекари и оние лица кои се дел од тимот. Препораките се јасни во овој случај, домашен катантин во следните 14 дена.

Бројот на заболени кошаркари во НБА се искачи на седум. Руби Гобер од Јута беше првиот позитивен на КОВИД-19. Потоа неговиот соиграч Донован Мичел исто така беше позитивен исто како и играчот на Детроит Кристијан Вуд.