ПСЖ одново се најде во проблеми, ако се верува на француските медиуми. Во центарот на вниманието е Нејмар, кој одлучил да побегне во Бразил поради пандемија на коронвирус која зеде голем замав во Париз.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, тој со авион тргнал кон својата земја во која заболените од овој вирус е минимален.

И Бразилците одлучиле да му ја исполнат желбата и да го пуштат да се врати иако доаѓа од земја со висок ризик на заразени од коронавирус.

Нејмар претходно не известил никого во клубот за неговата одлука, во ПСЖ не знаат каде се наоѓа.