По откажувањето на неколку почетни трки во Формула 1 шампионатот, италијанска „Газета“ пишува дека сезоната би можела да стартува со трката во Монте Карло на 24. мај.

Во четврток челниците на ФИА ќе заседаваат и ќе одлучуваат за Ф1 шампионатот.

Засега официјално се одложени трките во Австралија, Кина, Бахраин и Тајланд, додека веројатно истата судбина ги чека и Холандија и Германија.

За одложените трки ќе се бара алтернативни датуми, можно е да има пролонгирање на крајот на сезоната.