Македонскиот репрезентативец Мартин Поповски следната сезона ќе ја игра во шампионатот на Швајцарија, во екипата на Амичитија од Цирих. Швајцарскиот клуб се пофали со ангажманот на екс-играчот на Вардар, а до неодамна на Пролет.

Мартин ставил потпис на двегодишен договор.

Со Мартин добиваме одличен леворак ракометар на крилна позиција, што по потреба може да игра и на бековската позија,а  воедно добиваме и на значително меѓународно искуство“, ијзави Томас Хер, директорот на клубот за официјалниот веб сајт на швајцарскиот клуб.