Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски се врати од Франција. Неговиот клуб, Евре го распушти тимот поради коронавирусот, никој не може да гарантира кога ќе биде подобрена состојбата.

Ѓуроски веднаш по пристигнувањето ги послуша препораките на Владата кога станува збор за оние лица кои доаѓаат од земјите со висок ризик на коронавирус , тој веќе е во карантин.

Репрезентативецот вчера го мина првиот ден, вели дека ќе остане дома во следните 14 дена, нема да биде во контакт со никој, неговото здравје, но и здравјето на останатите е на прво место.

Во карантин треба да биде и Војдан Стојановски, кој исто така се врати од Франција, Гравелин ги ослободи сите кошаркари.