Како што пренесува „Билд“, спортскиот директор на „баварците“ Хасан Салихамиџиќ и еден од најголемите светски менаџери Фали Рамадани, инаку роден во Македонија, имале таен состанок. На истиот кој се одржал пред ден-два, станало збор за довршување на трансферот на Лирој Сане, кој ова лето треба од Манчестер Сити да дојде во Баерн Минхен за сума од околу 150 милиони евра.

Познато е дека Фали Рамадани со својата менаџерска агенција ЛИАН спортс, го претставува германскиот репрезентативец. И познато е дека Рамадани нема намера да го „пушти“ Сане на „Алианц Арена“ за помалку од 150 милиони евра. Сума која би била рекордна за Баерн Минхен. Од друга страна пак Салихамиџиќ и Баерн немаат намера да дадат повеќе од 120.