Андреј Јакимовски, еден од македонските богатства од кои се очекува да прерасне во лидер во нашиот најдобар национален тим, денеска го прославува 19-от роденден.

Нашиот кошаркар се наоѓа во Торино. Добро е познато дека Италија во моментов се бори со коронавирусот, во оваа земја е прогласена вонредна состојба.

Во отсуство на вистинска забава дел од тамошните медиуми, кои се специјализирани за младите кошаркари се обидуваа со комплименти да му го разубават роденденскиот ден.

„Во овие тешки денови се обидуваме да најдеме начин да му разубавиме денот на Јакимовски, кој денеска наполни 19 години. Станува збор за македонски кошаркар, кој има одлични атлетски вештини и за кратко време ги покажа своите квалитети. Неговите добри игри во младинските и европските првенства беа причина да настапи за македонската репрезентација. Андреј се најде во идеалната петорка на последното ЕП Б Дивизија“.

 

View this post on Instagram

 

Buon compleanno al nostro @andrejjakimovski10 💛💙 ◾ #distantimauniti

A post shared by Basket Torino Official (@basket_torino) on