Првиот човек на УЕФА вчера имаше видео-состанок со членките на „европската куќа на фудбалот“. Во јавноста излегоа информации дека препораката до федерациите е првопласираните екипи да бидат прогласени за прваци во националните првенства.

Одлуката да се одложи Европското првенство за следната година е донесена токму за да се доиграат првенствата, во случајов и македонскиот шампионат.

„Видов и слушнав лажни вести дека УЕФА ги советува лигите како да ги завршат првенствата, поточно тимовите кои се први на табелите да бидат прогласени за шампиони. Морам да кажам дека тоа не е точно. Наша цел е да се одиграат до крајот, друг предлог не им даставивме на федерации, ниту на челниците на првенствата“, изјави Чеферин и го домантираше шпански АС.