Аларм во Денвер, едно лице позитивно на коронавирус

Аларм во Денвер, едно лице позитивно на коронавирус

Според информациите кои доаѓаат во НБА-лигата можно е дел од кошаркарите на Денвер да бидат заразени со коронавирус.

Здравствените стручњаци им препорачале целосна изолација, откако еден вработен бил позитивен на овој вирус. Во моментов една лоша вест е што кошаркарите немаат направено тест поради недостиг од истите.

Втората причина поради паниката која настанала во клубот е фактот дека Денвер е последниот тим кој играл против Јута пред прекинот на првенството.

Бројот на заболени кошаркари во НБА се искачи на седум. Руби Гобер од Јута беше првиот позитивен на КОВИД-19. Потоа неговиот соиграч Донован Мичел исто така беше позитивен исто како и играчот на Детроит Кристијан Вуд. А веднаш откако за Гобер беше потврдено дека има Корона, НБА ја суспендира лигата на 30 дена.