Непријатна вест за сите фудбалери кои играат во шампионатот на Казахстан. Имено челниците на клубовите во таа земја се договориле меѓусебе, додека трае кризата со коронавирусот да не исплаќаат плати на играчите. Прво нема да се исплатат сигурно мартовските плати, за да потоа да се види што и како.

Секако дека ова е голем удар за нашиот некогашен младински репрезентативец Алекса Амановиќ, кој очигледно е дека нема среќа. Имено пред неполн месец тој направи трансфер од Јавор Матис (Србија) во Тобол. Одигра и два меча за својот нов тим, а потоа дојде тој проклет Ковид-19.