Поранешниот тенисер Енди Родик преку социјалните мрежи апелира луѓето да седат дома за да се заштитат себе си и своите најблиски од корона вирусот, но неговите апели не вродија со плод. Американецот објави видео снимка која покажува колкава небрежност владее во светот. Луѓето кои доаѓаат од странство одбиваат самоизолација, а токму тие се најголемите виновници за ширењето на пандемијата.

Телевизијата CBS направи анкета, а епилогот е дека луѓето повеќе сакаат да испијат што е можно повеќе алкохол и добро да се забавуваат отколку да водат гружа за здравјето. Енди Родик ја сподели таа анкета и се запраша: „Можно ли е да сме толку е*ено глупави“?