Сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо, призна дека кај „виолетовите“ има вкупно десет случаи заболени од коронавирусот.

„Ситуацијата се влошува. Имаме десет лица болни во клубот. Тројца од персоналот се примени во болница“, рече Комисо за Скај Италија.

Патрик Кутроне, Аргентинецот Херман Пецела и Србинот Душан Влаховиќ се играчите кои се веќе позитивни ка новиот вирус. Сите тројца се лекуваат дома.