Како и сите клубови во Македонија, па и во Европа, и тие на Струга Трим Лум се на „принуден“ одмор, или пауза. Како што не информира спортскиот директор на стружани Бесарт Исаку, екипата пред два дена е распуштена, и на играчите им е даден одмор се до следната среда или до 25 март.

„Се разбира дека ние одлучивме да одиме на пауза, и тоа според препораките на ФФМ и државните власти. Фудбалот е важен, но многу е поважно здравјето на играчите, а и на сите нас во клубот, се разбира и на сите во Македонија. Откако дојде новиот тренер Срѓан Захариевски, беа одработени неколку тренинзи, но сега се на пауза. Се надевам дека ова со пандемијата ќе заврши што поскоро, за да можеме да се вратиме на нормалниот живот, да почнеме да тренираме и да почнеме да играме натпревари“ изјави за СПОРТМЕДИА Бесарт Исаку.

Инаку Струга Трим Лум, се разбира ако продолжи првенството, ќе води жестока битка на два фронта. Во првенството ќе мора да се спасува од дното на табелата, а во Купот ја чека полуфинална битка со Шкендија.