Рускиот тенисер Александар Рублев е загрижен поради одложувањето на Ролан Гарос турнирот поради коронавирусот. Тој смета дека челниците не погрешиле што објавиле нов датум за играње.

„Беше тоа шок, но подобро да се игра некогаш отколку воопшто да не се игра. За разлика од тимските спортови, ние тенисерите живееме од турнири, и ако не играме, нема ништо да заработиме“, рече Рублев.