Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев испрати порака по повод пандемијата коронавирус.

„Во овие тешки денови сакам да испратам апел, да бидеме сложни и одговорни, да ги почитуваме препораките на институциите само така можеме да го поразиме коронавирусот“, е дел од пораката на капитенот, кој се врати од Германија, каде токму поради коронавирусот е завршено првенството.