ФА на денешниот состанок со клубвоите донесе одлука, фудбалот на Островот се одложува за повеќе од месец дена.

Секако постои можност промена на датумот доколку пандемијата коронавирус во оваа земја потрае. Она што е сигурно е дека Премиер-лигата ќе се остане „замрзната“ до 30. април.

Претходно ФА првенството го суспендираше до почеокот на април, но поради лошата ситуација со коронавирусот и неговото брзо ширење денеска беше донесена нова одлука.

 

Иста одлука за одложување на првенствата до 30. април донесоа во Шкотска, Северна Ирска и Велс.