Формула 1 ја одложи промената на техничките регулативи кои беа планирани за следната година, за 2022 година. Причина е секако пандемијата на коронавирусот.

„ФИА, Формула 1 и тимовите едногласно одлучија дека воведувањето на новите технички регулативи ќе се случи во 2022 година место во 2021 година“, се вели во соопштението.

Формула 1 додава дека „поради непостојаната финансиска состојба“ тимовите ќе ги користат своите болиди и за следната година.