Ситуацијата во Шпанија станува драматична, а како што знаете таму игра хрватскиот репрезентативец и екс-член на Вардар Лука Циндриќ. Ракометарот кој туку што се врати на терените, настана хаосот со корона вирусот и сега ниту тренира ниту игра. Тој објаснува дека во Барселона сите се придржуваат на мерките кои ги препишала Владата.

Фала му на Господ, добро сум, одмараме и не тренираме, но можам да кажам дека ситуацијата не е најдобра. Сите сме загрижени, се придржуваме кон упатствата на Властите, но може наскоро да завршиме во карантин. Не можеш да одиш никаде, каде и да сакаш да одиш те враќаат назад. Но ќе го издржиме и ова“, вели Циндриќ за „Спортске новости“.

Не е добро на сред сезона да се прекине со работа, но што се може, тоа е виша сила и сложена ситуација и мораме да се бориме“, додаде екс-вардарецот.