Точниот датум на продолжението на сезоната во ракометот, па и во сите спортови засега никој не може да го одреди. Поради пандемија на коронавирус ништо не функционира, салите и стадионите во Македонија се затворени по наредба на Владата.

Екипите преку своите „Фејсбук“ профили известија дека во следниот период нема да тренираат, а на своите играчи дел веќе им испратија програма како да ја одржуваат формата.

Од македонските клубови, единствен кој настапува на меѓународна сцена и притоа има шампионски обврски е Вардар. „Црвено-црните“ ја бранат титулата во СЕХА-лига и во Лигата на шампионите. Ова значи дека не смеат да да дозволат неподготвени да го дочекаат останатиот дел од сезоната.

Во регионалното натпреварување до Ф4 завршницата ги дели реванш мечот со Нексе на домашен терен (првата средба ја добија со еден гол разлика), додека во елитното натпреварување имаат тешка задача, против Пиг Сегед ќе бараат пласман во четвртфиналето.

Додека трае изолацијата, ракометарите на Вардар ја одржуваат формата, дел споделија на своите социјални мрежи.

Бразилецот Жозе Гилјерме де Толедо формата ја одржува заедно со својата поубава половина, покрај тениските игралишта кај СЦ „Јане Сандански“. Истата пракса ја применува и новиот голман на Вардар, Борко Ристовски, кој практикува да се искачува на Водно.

Кога сме кај екипите кои се дел од ЛШ во Веспрем нема пауза, ракометарите под видео-контрола на Марија Лојаница имаат секондневни задачи.