Додека се води кампања „Остани дома“ некои спортисти не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата. НФЛ играчот Дериус Гaис место да седи дома како што му препорачал неговиот клуб Вашингтон Редскинс, тој избегал од дома и заминал на јахта со шест фото-модели. 22-годишниот играч на Редскинс е познат како личност која води раскошен живот во периодот кога нема натпревари.

Се заборавил во забавувањето што ја постирал фотографијата на социјалните мрежи. Поради тоа беше остро нападнат од американската јавност, а тој се бранел со зборовите дека на јахтата немало повеќе од десет луѓе, потоа дека бил на прописна далечина, а потоа ги избришал и коментарите и фотографијата. Сепак, истата навреме е симната и можете да ја видите.