Најдобриот одбојкар во светот, Ервин Нгапет е заразен со Ковид – 19. Французинот тоа го потврди на својот Инстаграм.

„Пред една недела се тестирав и се покажа дека сум заразен од коронавирусот. Сега сум добро, се надевам дека за седум – одум денови ќе искочам од болницата во Казањ. На сите ви порачувам да останат дома, ова не е што се случува само на некој друг“ потенцираше Нгапет.

Тој со својата Франција во 2015 година беше европски првак, има злато и бронза од Светската лига.

Во моментов е член не рускиот Зенит од Казањ.