Германски Рајн Некар Левен станува најголемо жариште на коронавирусот во германскиот спорт. Денеска од германскиот тим објавија дека имаат и петти регистриран ракометар заразен од вирусот.

Станува збор за шведскиот голман Микаел Апелгрин. Тој денеска објави фотографија на Инстаграм под која напиша дека останува во куќен карантин како еден од носителите на коронавирус.

Пред Апелгрин, се зарзазија ј тренерот Мартин Швалб, потоа Гедеон Гвардиола, Јаник Колбахер и „нултиот“ пациент во клубот, Мадс Менса Ларсен.