Спортмедиа дознава дека „Здружението на прволигаши“,  во текот на денешниот ден пратило известување до Владата на РМ и ФФМ како барање за справување со кризата во која се најдоа фудбалските клубови по стопирањето на фудбалскиот шампионат и принудната пауза.

Клубовите со овој допис до Владата бараат намалување за 50% на давачките за пензиско и инвалидско осигурување на фудбалерите и вработените лица. Од државата се бара и даночно ослободување како и субвенционирање на платите за фудбалерите и вработените за периодот колку што трае паузата поради „Ковид-19“ вирусот поради кој има вонредни мерки во земјава.

Прволигашите се решаваат на ваков потег поради големиот удар кон нивното финансиско работење кој ќе се случи во периодот кој следи.

Барем засега не е јасно кога и како ќе продолжи фудбалскиот шампионат.

Она што го знаеме е тоа дека ФФМ работи на случајот и дека од понеделник ќе бидат познати сите можни сценарија кои сепак зависат од пандемијата.

Европа најавува дека фудбалот ќе се врати на стадионите на 3. мај. Такви се најавите и за шампионатот на Македонија.