Откако вчера Денвер Нагетс објави дека можно е дел од играчите да бидат заразени со коронавирус, денеска стигна известување од екипите на ЛА Лејкерс и Бостон Селтикс.

Според најновите информации станува збор за големата ѕвезда на Селтикс, Маркус Смарт, додека пак во редовите на Лејкерс има двајца заразени играчи, но засега нивните имиња не се објавуваат.

И двата тима одат во карантин од 14 дена, што пак е нов проблем за челниците на НБА-лигата. Од ден на ден бројката на заразени постојано расте, доколку продолжи овој тренд во најскоро време не може да очекуваме да ја гледаме кошарката во најсилното светско натпреварување.