Вкупно седум вработени во Мекларен се негативни за коронавирусот, потврди екипата во Формула 1 во средата. Минатата недела 16 вработени во Мекларен беа ставени во карантин. Членовите на британскиот тим ќе останат во изолација следната недела за да го исполнат рокот од 14 дена.

Тројца од директорите на Мекларен, исто така, останаа во Австралија поради безбедносни мерки. Пилотот на тимот, Карлос Сајнц, кој се врати дома, на својот профил на Твитер напиша дека неговиот тест за вирусот е негативен.

– Сè оди добро и ние сме во позитивно расположение, соопштија од Мекларен.