Градот Шибеник и неговите граѓани ниту во овие тешки времиња не го заборавија својот идол Дражен Петровиќ.

Неговиот споменик во градот денеска осамна со маска и со алкохол како симболика дека и Дражен не е имун на Короната и дека треба да се заштити.

Не е познат сторителот на ова добро дело, но во секој случај е поздравено од страна на сите граѓани.

Споменикот на Дражен Петровиќ е поставен во 2011 година по повод 47. роденден на Дражен покрај спортската Арена Балкедин каде што ја започна неговата блескава кариера.