После тренерот Микел Артета од Арсенал и фудбалерот Калум Хадсон-Одои од Челзи уште еден играч се заразил со опасниот корона вирус. Напаѓачот на ВБА Чарли Остин откри дека веќе седум дена има корона вирус и отворено зборува за тоа што му се случувало пред една недела.

Се чувствував како некој да ме полил со вода. Се гушев, но сето тоа го поднесував затоа што сум во добра форма. Седум дена подоцна можатм слободно да им кажам дури и на оние во 20-тите и 30-тите години дека ова мора да го сфатат сериозно. Јас не го сфаќав корона вирусот сериозно, но сега сум сериозен“, изјави Остин кој успешно заздравува и е во изолација.

Остин се сомнева дека се заразил на еден фестивал во Челтенам на кој имало 250.000 луѓе.