Според тиражниот „Хуриет“, кошаркарскиот клуб на Фенербахче е во огромни проблеми, и тоа се поради грешките и киксовите со инвестициите што ги направил фудбалскиот клуб, односно првиот човек на клубот Али Коч. И поради тоа сега во проблеми е и кошаркарската секција. Се наведува дека кошаркарите веќе неколку месеци не ја добиле својата плата, единствено платен бил тренерот Жељко Обрадовиќ. 

Дали ова што го пренесува „Хуриет“ е вистина или не, останува да се види. Сепак дека не е се идеално во Фенер, во еден од најголемите клубови во Европа, доказ се слабите игри на момците на Обрадовиќ во последните неколку месеци.

Колку за потсетување, до јули мината година член на фудбалскиот клуб на Фенер беше и Елиф Елмас. Неговиот трансфер во Наполи малку ја пополни касата на Али Коч, некаде околу 15-16 милиони евра, но тоа се чини било премалку.