Проблематичниот марокански интерационалец во дресот на Шалке 04, Амин Арит повторно с енајде во центарот на вниманието нанјавноста откако го прекрши строго пропишаниот карантин поради Корона вирусот во таборот на Шалке 04.

Се знаат какви се мерките во вакво време, кои важат и во Германија, но Арит наместо до 18:00 часот да биде дома, тој заедно со своите пријатели на роденденска забава останал до полноќ.

Нормално дека клубот реагирал и тој ќе сноси последици поради ова.

Од друга страна ова не е прв инцидент во кој Арит учевствувал. Мароканецот кој е роден во Франција и настапуваше за нивните млади селекции, за да потоа премине во дресот на Мароко, учевствуваше во сообраќајна несреќа во градот Маракеш каде едно лице го загуби животот, но тој немаше никакви последици од тој настан.